Вработени на Инфективна добија влезници од ФФМ за ЕУРО2020

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Муамед Сејдини денеска им врачи билети за Европското првенство на вработените од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, кои организирано ќе ги следат натпреварите на македонската репрезентација во Букурешт.

Здравствените работници беа во приоритетната група на лица, кои електронски аплицираа преку ФФМ за купување билети за ЕУРО2020, а дополнително, на медицинскиот персонал преку Министерството за здравство ќе им бидат овозможени влезници за натпреварите на македонската репрезентација.

-Ова е начин и ние да возвратиме на поддршката која нас ни ја даваа фудбалерите во исклучително тешкиот период за сите, изјави главната сестра на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби Габриела Темелковска која се заблагодари на ФФМ, оценувајќи дека станува збор за „голем гест достоен за почит“.

 

Претходна вестСмртноста од ковид намалена за речиси 46 отсто, бројот на заразени за 30 проценти
Следна вестКандидатите за уставни судии не стигнаа на дневен ред ни во Комисија, а камо ли на Собрание