Мал пожар избувна денеска во просториите на Министерството за култура кој потоа беше изгаснат. Во соопштението за овој инцидент Министерството наведе дека пожарот бил брзо изгаснат.
-Во просториите на Министерството за култура изби мал пожар, кој веднаш беше изгаснат од вработените со ПП апарат. Според протоколите за работа сите вработени од Министерството беа евакуирани навремено.
Противпожарна служба и екипа на Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство вршат увид за утврдување на причините за пожарот.
-Кога ќе имаме дополнителни информирмации ќе ја информираме јавноста, стои во соопштението на министерството.