Скопјанец уапсен при кражба во куќа

Приведен е скопјанец кој бил затекнат како краде во куќа на ул. „Миле Поп Јорданов“ во Скопје, соопшти полицијата.

МВР информира дека денеска (16.09.2022) во 10.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(44) од Скопје.

-Тој бил затекнат при извршување кривично дело „тешка кражба“ во куќа на ул.„Миле Поп Јорданов“. Лицето е задржано во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.

Претходна вестВработените го изгаснале пожарот во Министерството за култура
Следна вестНа расправата за предлогот за избор на Јовески за уставен судија не и се гледа крајот