Вработените во „8-ми Септември“ утре излегуваат на протест

Вработените во здравствената установа ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје утре ќе протестираат пред влезот на болницата поради неисплатената плата. Од болницата најавија дека протестот ќе се случува од 13 до 13.30 часот, за време на законската пазуза што нема да го наруши работниот процес во здравствената установа.

Ги повикуваат нивните колеги да се приклучат кон мирниот протест и да го изразат своето незадоволство.

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) претходно соопшти дека најдоцна до понеделник ја очекува потребната документација за исплата на плати од сите јавни здравствени установи, по сајбер-нападот на системот за работа во оваа институција од почетокот на минатата недела.

Проблемите предизвикаа револт кај здравствените работници, кои преку синдикатите порачаа дека ако до утре не земат плата, ќе преземат други чекори за да си ги добијат парите.

 

Претходна вестШтрајк во Велика Британија, патниците во автобуси чекаат повеќе од шест часа
Следна вестТрпчески: Горд сум што доаѓам од Македонија и потекнувам од скромно семејство