Вратено македонско знаме на Кораб

Вратено е македонското знаме на врвот Голем Кораб откако викендов беше симнато од група албански државјани. На Инстаграм профилот мк.пиреј е објавена снимка од промената на знамињата.

Албанскиот државјанин Изет Шулку и неговото друштво викендов од врвот Голем Кораб го симнаа македонското знаме и го закачија албанското.

Министерството за внатрешни работи (МВР) утврдило дека се работи за лице кое не е државјанин на Северна Македонија и соопшти дека ќе информира за преземените дополнителни мерки за расчистување на овој случај.

Претходна вестНЕ КОРИСТИ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗИШ!
Следна вестРСБСП: Реакција на млад возач кој користи мобилен телефон е исто како и на 70-годишен возач кој не користи мобилен телефон,