Се отвора нова ера во образованието на нашата земја со историската инвестиција од 34,5 милиони евра за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, соопшти коалицијата „Вреди“.
-Оваа одлука, силно поддржана од целата Влада, претставува значаен пресврт за нашата младина и за иднината на Албанците . Коалицијата Вреди не зборува празни зборови како нашите претходници кои, со лажење и со крадење каде што можеа, ја оставија нашата младина и без перспектива. Овој проект не е само нова зграда – тој е монумент на нашата посветеност кон образованието и кон развојот на идните генерации. Цели генерации сонуваа за ваков едукативен центар кој ќе го збогати не само знаењето, туку и духот на целата нација. Сега, тој сон станува реалност, создавајќи огниште на знаење и на иновации за идните генерации. Оваа инвестиција, иницирана од коалицијата „Вреди“, е силен доказ за нашата посветеност да обезбедиме најдобри можности за образование и за личен развој на нашата младина, се наведува во соопштението.
Од коалицијата наведувата дека се убедени дека овој кампус ќе стане главен центар на интелектуален развој и на иновации, создавајќи оптимални услови за научни истражувања и академска подготовка на највисоко ниво.
-Коалицијата „Вреди“ ќе продолжи со посветена работа за да донесе проекти кои го збогатуваат образованието и ги зајакнуваат темелите на успешна иднина за сите граѓани на Република Северна Македонија. Оваа значајна инвестиција е само еден од чекорите кои ги преземаме кон реализација на оваа голема визија. Преминуваме на дела, соопшти „Вреди“.