Времето денес ќе биде сончево со температура до 17 степени

Времето денес во најголем дел од земјава ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. По котлините, особено долж Повардарието ќе биде постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени.

Во Скопје магливо и тивко, попладне видливоста ќе се зголеми. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Продолжува периодот на претежно тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониска дневна температура.

Претходна вестАкадемик Коцарев: Единствен компромис за евентуална промена на Уставот е…
Следна вестНамалена видливост поради магла кај Демир Капија