Академик Коцарев: Единствен компромис за евентуална промена на Уставот е…

Флоскулата „или интеграција во ЕУ или изолација“ е празна фраза, манипулација. Ова го вели претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, во денешното интервју за весникот „Нова Македонија“.

– Флоскулата „или интеграција во ЕУ или изолација“ е празна фраза, манипулација: државите како Велика Британија, Исланд, Норвешка, Турција, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн, Ватикан, Монако, Швајцарија, на пример, не се членки на ЕУ и не се изолирани држави. Впрочем, и Република Македонија не е членка на ЕУ и не е изолирана држава. Каква е целта на упорното повторување: „или ЕУ или изолација“? Можеби, сеење страв и раздор? Доколку не почнат пристапните преговори, дали сегашните политички елити ќе почнат со изолација на Македонија?, прашува академикот.

Тој додава:

-Според моето мислење, единствен компромис за евентуална промена на Уставот (иако токму барањето за промена е бесмислено и јас гласно порачувам НЕ за промена на Уставот!) би било најпрво признавање од бугарската страна на следните научни факти: (а) постоење на дел од македонскиот народ (македонското етничко малцинство) во Бугарија, (б) македонскиот јазик има просторен и милениумски континуитет и не е бугарски дијалект и (в) Македонците и Бугарите немаат заедничка историја, туку само споделени места во историјата. А потоа, можеби, промена на Уставот, потенцира Коцарев.

Целото интервју може да го погледнете ТУКА.

 

Претходна вестМакедонската партија во Албанија бара проширување на истрагата за лажните потврди за бугарско потекло
Следна вестВремето денес ќе биде сончево со температура до 17 степени