Времето денес облачно и посвежо со повремен дожд

Во Македонија во вторникот ќе преовладува претежно облачно време, ќе биде посвежо со повремени врнежи од дожд.

Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринските температури се во интервалот од 5 до 15, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе се движат во опсегот од 10 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Прогнозирана е температура до 18 степни.

Претходна вестСиљановска Давкова со ректорите на државните универзитети: Разменети мислења за реформите во високото образование…
Следна вестМалолетник и двајца мажи каснати од кучиња скитници