Времето денес: Претпладне облачно, преку ден сончево

Во Македонија денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно, во северозападните делови со услови за краткотраен локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен правец.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Дневните температури ќе се движат од 14 до 24 Целзиусови степени.

Претходна вестНад илјада маскирани дечиња на „Шеговил“ во Кисела Вода
Следна вестДелови од Сопиште и Карпош без вода