Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 9 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 9 до 17 степени.
Променливо облачно, но релативно топло. Вакво време, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нè очекува денеска во земјава.
Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Во западните делови од земјава можен е слаб локален дожд.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 9 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 9 до 17 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални 8 до максимални 17 степени.
УХМР и за утре најавува променливо облачно, но релативно топло време со сончеви периоди.