Времето денес променливо облачно, попладне дожд и ветер

Во Македонија утрово ќе преовладува променливо облачно време, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа пообилни.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во Скопје времето ќе променливо облачно, а во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер југоисточен правец.

Претходна вестСрбин најден починат во Кисела Вода
Следна вестСДСМ ја официјализираше кандидатурата на Пендаровски: На граѓаните им треба претседател со јасна европска визија