Времето денес променливо облачно, попладне со повремен локален дожд

Во среда во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринските температури се движат меѓу 0 и 5, додека соодветно максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 8 и 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Температурата ќе достигне до 16 сепени.

Претходна вестНа гласање и без Северна на пасошите: 100 илјади граѓани со пасоши со старото уставно име ќе може да излезат на избори – партиите со поддршка за предлогот на ДИК
Следна вестСобранието ќе одржи продолженија на три седници