Времето денес променливо облачно со повремен дожд

Времето денска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, особено во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во петок на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови (над 20 л/м2). Ќе дува повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

Претходна вестХеројот Благој Страчковски не предаде никого иако Бугарите жив го закопувале, го сечеле на парчиња…
Следна вестКовачевски: Кога во Белата палата купувале вазни од по 10.000 евра, социјалната помош била 3.000 денари