Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе биде од 0 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 5 до 18 степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат.
Во текот на денешниот ден ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе биде 8 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.
За утре, синоптичарите најавуваат дека утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови, претежно во планинските региони, ќе има услови за краткотраен дожд. Утре, ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје, утре времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Температурата утре ќе се искачи до 22 Целзиусови степени.