Времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Во вторникот во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Утринските температури се движат од 1 до 8, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 5 и 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни. Температурата ќе достигне до 15 степени.

Претходна вестФирма во доминантна руска сопственост ќе добиела тендер за систем за криптозаштита – единствен критериум бил цената
Следна вестПротест пред Министерството за правда: Стоп за извршителите, блокирани се 220.000 сметки