Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 9 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 17 до 28 степени.
Претежно сончево и топло – вакво време, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нè очекува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 9 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 17 до 28 степени.
Во Скопје – сончево ти тивко. Темепературите ќе се движат од минимални 6 до максимални 26 степени.
Сончевото и топло време ќе се задржи и утре, но со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурите во текот на утрешниот ден ќе достигнат до 27 степени.