Времето денеска, облачно со дожд, на планините снег

Во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, од рано наутро со врнежи од дожд, а на планините на запад со снег. Преку денот ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот повремен дожд се очекува на југоистокот и крајниот запад од земјата. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе се движи од 4 до 10 степени.

Претходна вестЗагрижувачко: Двајца мажи учеле детенце да пука од пиштол за Нова Година
Следна вестГолем пожар во ТЦ „Глобал“ во Струмица, изгореа десетина продавници