Загрижувачко: Двајца мажи учеле детенце да пука од пиштол за Нова Година

Поставено е ново видео на социјалните мрежи што ја возбиди јавноста. Овој пат не е некој со „Бентли“ кој вози по плоштадот, туку во прашање е видео во кое се гледа како двајца мажи му помагаат на мало детенце да пука со вистински пиштол.

Видеото е снимено на новогодишната ноќ. На него може да се види како детето, кое во раце го држи машко лице, двапати пука од пиштолот кој пак го држи со помош на друго машко лице.

Се претпоставува дека настанот се случил во Тетово. Видеото набрзо било симнато од „Тик-Ток“, но пред тоа веќе се раширило низ социјалните мрежи.

 

 

Претходна вестПотврдени 46 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 12 пациенти
Следна вестВремето денеска, облачно со дожд, на планините снег