5 работи кои мораше, но не му се случија на Скопје во 2020 година

Се дефтосавме од 2020 година. Многу лоши работи се случија во неа. Пандемија, економска криза, понижување на македонскиот народ…

Но оваа година беше лоша и поради многуте работи кои не се случија во минатите 365 дена во Скопје. Таа година беше трета, претпоследна година од мандатите на скопскиот и на општинските градоначалници, во текот на која тие требаше веќе да ги реализираат најголемиот дел од проектите кои што им ги ветија на граѓаните. Меѓутоа, најголем дел од нив остана нереализиран. Еве дел од најважните работи кои мораше да се подобрат, ама…

  1. Одново во светскиот врв со загадувањето

„Скопје меѓу најзагадените градови во светот“, „Се уриваат рекорди во загадувањето“… и во оваа година беа наслови во вестите. Можеби помалку од преклани, но тоа е само поради повеќето ветар. Потезите кои се направија со набавка на триесетина автобуси на гас, со смена на некои оџаци, со субвенции за нови печки и клима-уреди, за велосипеди… очигледно не се доволни. По чистењето на депониите се создаваат нови, тешко се откриваат загадувачите, уште се чекаат ветените кули за чистење на воздухот, се садеше двца но недоволно, ништо од гасоводот…

 2. Не се направи ревизија на ДУП-овите

Револт, незадоволство и разочарување предизвикиуваа состојбите во урбанизмот. Тоа посебно се однесува на предложените детални урбанистички планови за Расадник, Дексион, Буњаковец, Хром, Мичурин… во кои се предвидени десетици нови згради во ситуација кога на граѓаните им се потребни нови зелени површини. Сето ова само се надоврзува на незавршеното преиспитување на ДУП-овите во Центар, во Аеродром и други проблеми во градот

3. Ги нема ветените сообраќајници, трамвај…

И трета година од мандатот кој што го добиле од страна на граѓаните, која помина во ноември, покажаа дека граѓаните се уште не ги добија клучните проекти кои им беа ветени. Градоначалниците и натаму се фалат со поедноставни проекти – рехабилитација на веќе постоечки улици, садници, канализации, детски игралишта, тревници, реновирани тоалети, градинки…, како аргументи дека она што го ветиле се исполнува. Но големи прокети какви што се тунелот под Кале, нов градски превоз, езеро Треска, поликлиники, базени, гимназии, Универзална сала, големи сообрачајници… уште ги нема. 

4. Скопјани не научија како да возат, полицијата…

Скопските улици со години налукуваат на фронт во кој насилници царуваат. Годинава поради намаленото движење за време на справувањето со пандемијата на корона вирусот имаше помалку сообраќајки и жртви. но проблемите останаа. И натаму сите сме сведоци на опасно возење, на возење со неисправни возила, во пијана состојба, без возачка дозвола. Сето тоа создава несигурност за граѓаните. Добро е што полицијата почна со поинтензивни контроли и санкционирање на прекршоците. Тие контроли мора да продолжат и натаму бидејќи тоа е единствен начин на насилниците да им се застане на крајот.

5. Нема решение ниту за ѓубрето, „Лајка“ треба да се докаже

Диви депонии, купишта ѓубре, неисчистени улици… и натаму се грда секојдневна глетка со која се среќаваат граѓаните. Депонии има сосема блиску до живеалиштата на луѓето – во Карпош, во Ѓорче Петров, во Шуто Оризари… а ѓубрето и понатаму се трупа на поранешната градска депонија „Вардариште“ која никако да се ревитализира. Последиците од несовесноста на дел од граѓаните но и неадекватно функционирање на надлежни комунални и инспекциски служби секој ден се се повидливи и понепријатни. Добро е што годинава профункционира ЈП „Лајка“ кое што треба да го решава проблемот со кучиња – скитници. Ова градско претпријатие сега почна да работи и резултатите треба да се видат во периодот кој настапува. Дотогаш, ова и натаму стои како градски проблем.

Кои се другите работи кои требало да се направат-поправат во Скопје:

Намалена и ефикасна градска и општински администрации

Заштита од нови градби и обнова на зеленилото на Водно

Зголемување на безбедноста, посебно меѓу младите

Голем дел од скопјани не си го засакаа градот

Поголема солидарност меѓу скопјани

Претходна вестМВР: 199 санкционирани возачи во Скопје
Следна вестЗаев: Нема да има предвремени избори, Мицкоски треба да даде оставка