МВР: 199 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, од кои 23 за управување со брзина поголема од дозволената, 21 меркa за возење без возачка дозвола, 13 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 12 санкции за управување под дејство на алкохол, 10 мерки за користење на мобилен телефон и 7 санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло). Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

 

Претходна вестКазнети 537 граѓани за неносење маска
Следна вест5 работи кои мораше, но не му се случија на Скопје во 2020 година