Заев: Нема да има предвремени избори, Мицкоски треба да даде оставка

Барањето на опозицијата за предвфремени избори нема да се случи. Имено, премиерот Зоран Заев во интервју за МИА посочи дека нема предвремени избори и нема да има неосновано изнудување на оставка на Владата. Нема ниту потреба, ниту логика за оставки. Таквата постапка би била изневерување на сите што дадоа поддршка за европската агенда на земјата. Владата е стабилна, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот, вели премиерот.

Тој нагласи дека е почнал процесот на европеизација на Македонија и спроведување на реформска агенда.

-Довербата на мнозинството граѓани кои ја дадоа на политиките на оваа влада беше заради одлучната намера да ги решава сите прашања, вклучително и ова тешкото со Бугарија. Мицкоски нека си погледне во сопствениот двор на белиот дворец, нека размисли и гласно нека си одговори себеси, кој е тој што вообичаено и логично треба да поднесе оставка после толку изборни порази, истакнал Заев.

Претходна вест5 работи кои мораше, но не му се случија на Скопје во 2020 година
Следна вестВо ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 19 пациенти