Облачно со повремени дождови, на планините снег

Во Скопје претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, попладне врнежите ќе престанат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Инаку, времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови од Македонија, каде што ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег, а во западните делови претпладне ќе преминуваат во снег и во повисоките населени места, информира УХМР.

Снежната покривка на планините ќе се зголеми. До крајот на денот врнежите ќе престанат. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места претежно во западните делови. Врнежите на места ќе бидат пообилни, а на планините снежната покривка ќе се зголемува.

Претходна вестИзлезе во дигиталниот простор осмата по ред „Отковидување“
Следна вестКаде брзаат „подивените“ возачи по скопските улици?