Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Температурата ќе се искачи до 26 Целзиусови степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови се очекува на повеќе места да има пороен дожд и грмежи, се наведува во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне во некои делови процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Утринската температура ќе биде од 6 до 11 Целзиусови степени, а попладне од 18 до 27 степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Температурата ќе се искачи до 26 Целзиусови степени.
За утре, во прогнозата на УХМР се вели дека времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на некои места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Во Скопје, и утре ќе биде, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Температурата утре ќе се движи од 7 до 13 степени наутро и од 13 до 23 степени во текот на денот.