Времето денеска ќе биде променливо облачно со локална појава на пороен дожд и грмежи, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На некои места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. УВ-индексот денеска ќе биде 7.
Утринските температури ќе бидат од 11 до 17 Целзиусови степени, а дневните од 23 до 34 степени.
Променливо облачно време со слаб до умерен ветер од јужен правец се најавува за денеска и за во Скопје. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 16 Целзиусови степени наутро до 31 степен во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. За попладневните часови се најавува дека ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец.