Времето денеска: Сончево со мала локална облачност и температура до 17 степени

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец, а дневната температура ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од минус 5 до нула степени, а во текот на денот од 10 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец, а дневната температура ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.

За утре, во прогнозата на УХМР се вели дека времето ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен, а на места во источните делови од земјата повремено засилен ветер од јужен правец. И во Скопје утре ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата утре ќе биде до 17 Целзиусови степени.

Претходна вестАгелер: Од клучна важност е на 8 мај луѓето да излезат и да гласаат, да побараат од кандидатите визија за иднината на државата
Следна вестПрв конгрес на Движење ЗНАМ – За наша Македонија