Времето денеска сончево со мала облачност и температура до 25 степени

Наутро студено, а преку ден сончево со мала локална облачност – ова е временската прогноза за денешниот ден според Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе биде од нула до 10 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 25 степени.

Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 23 степени.

За утре синоптичарите најавуваат слична врменска прогноза на денешната. И утре наутро ќе биде студено, а преку денот сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата утре наутро ќе биде од еден степен под нулата до 6, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Претходна вестНАТО распоредува дополнителни 150 војници во Македонија и 50 во Косово
Следна вестПензионерите денеска ќе добијат зголемување од 2.500 денари