Врховниот суд на Русија ги забрани активностите на ЛГБТ заедницата

Врховниот суд во Русија ја категоризираше ЛГБТ заедницата како „екстремистичка“, дополнително ограничувајќи ги нејзините права. Руското министерство за правда поднесе жалба до Врховниот суд, кој го разгледуваше случајот без претставници на ЛГБТ и зад затворени врати.

Руска новинска агенција објави дека судот одлучил да го „прогласи меѓународното ЛГБТ движење за екстремистичка организација и да ги забрани неговите активности во Русија“.

Овој потег беше жестоко критикуван од активистите за човекови права.

Претходна вестИсториски чекор: Назначена лекторка по Македонски јазик во Тирана иницијативата на Македонското друштво “Илинден”
Следна вестСветски ден за борба против Сида: 506 лица живеат со ХИВ/СИДА во Македонија