Во последните 24 часа се направени 1363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19, соопшти пред малку Министерството за здравство. Најмногу случаи пак има во Скопје 55, а потоа следат Куманово 9, Дебар 1,Штип 1,Прилеп 4,Тетово 20,Струга 2,Велес 2,Битола 1,Охрид 9,Гостивар 4,Гевгелија 1,Струмица 2, Свети Николе 1,Кичево 1 и Ресен 5.
–Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат, се наведува во информацијата
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје 37, Штип 3, Прилеп 5, Тетово 24, Велес 1 и Гостивар 4
–Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 5311, бројката на оздравени пациенти е 2048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3012, наведува Министерството.
Досега во земјата се направени вкупно 53,248 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.