Во последните 24 часа се направени 1259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Kовид-19, објави преку ФБ Венко, Филипче, министер за здравство. Половина од случаевите се во Скопје – 76, останати во Куманово 6, Дебар 2, Штип 6, Прилеп 1, Тетово 13, Струга 7, Битола 3, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 10, Гевгелија 1, Македонски Брод 1, Кратово 1, Свети Николе 2, Кичево 3 и Ресен 1.
-Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, од Тетово, од Охрид и еден пациент од Кичево, се наведува во информацијата.
На Клиниката за инфективни болести починала пациентка на возраст од 67 години. Еден пациент на 62 години, кој вчера од Кичево бил донесен во тешка општа состојба во болницата во Битола веднаш бил упатен на Инфективната клиника во Скопје, но за време на транспортот починал. Во болницата во Охрид починал пациент на 86 годишна возраст, а во Тетово битката со Ковид-19 ја загубил пациент на возраст од 72 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени лица – Скопје 68, Штип 3, Прилеп 1, Тетово 15, Струга 15, Охрид 15, Гостивар 7, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Кратово 5, Свети Николе 6 и Ресен 4
Досега во Македонија се направени вкупно 79.392 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8332, бројката на оздравени пациенти е 4468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3475, информира министерот.