Матични лекари протестираа против игнорантскиот однос кон нив за време на пандемијата

Голем дел од матичните лекари во Македонија денеска излегоа на краток протест. Секој од медицинските лица всушност беа пред својата ординација каде мирно го искажаа своето незадоволство.

Тие со получасовен молк, го искажаа револтот што се принудени сами да набавуваат заштитна опрема и не добиле помош до сега за таквите потреби, но и пред се поради игнорантскиот однос на здравствените власти за време на пандемијата. Во соопштението за протестот тие наведоа и пет барања.

Освен помош со набавка на медицинска заштитна опрема, матичните лекари побараа да има член претставник на матичните лекари во Комисијата за заразни болести, млади лекари кои се без работа веднаш да бидат вклучени во системот на работа, а пациентите сомнителни на Ковид-19 да бидат упатувани на тестирање според нивна проценка, а не по зададен алгоритам.

Претходна вестВториот бран не стивнува: 4 пациенти починаа од вирусот, новозаразени се 135 лица
Следна вестИ депонијата во Волково во пламен, ја полнат и општински камиони?