1.578 кандидати за пратеници, најмногу се на возраст од 30 до 49 години

Во тек се парламентарните избори во Македонија. Граѓаните можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии. Вкупно има 1.578 кандидати за пратеници, од кои 903 се мажи, а 675 жени.

Според статистичките податоци на ДИК, по возраст најмногу или 795 се меѓу 30 и 49 години. На возраст од 18 до 29 има 297 кандидати, од 50-64 има 372 кандидати, 65-70 има 78, а постари од 71 година има 34 кандидати.

Изборот се прави со заокружување на редниот број пред кандидатските листи на гласачкото ливче, чиј редослед беше утврден со жрепка.

За гласање во дијаспората ДИК ги прифати пријавите на 6.096 граѓани. Бидејќи бројот на прифатени пријави е помал од бројот на гласови со кој е избран пратеник во Собранието од изборите во 2016 година, ДИК одлучи да не се гласа во дипломатско-конзуларните претставништва по поднесените листи на кандидати за пратеници во ИЕ 7. Своето право на глас граѓаните од дијаспората ќе можат да го остварат доколку гласаат во избирачките места во Република Македонија.

Претходна вестДенеска на „Скопско лето“: Промоција на книгата „Песните се нивен незаборав“
Следна вестАеродромци со најголем одѕив на изборните места до 9 часот