Едно лице лишено од слобода на избирачко место, има и пријави за нудење поткуп…

Се случило нарушување на редот при гласање во Скопје. Имено, на избирачкото место во ОУ „Петар Поп Арсов”, лицето В.Ш. (47) го нарушил јавниот ред и мир со тоа што започнал расправија со претставници од избирачкиот одбор, а во еден момент ја потегнал за чантата претставничката во ИО, а потоа со мобилен телефон ја фотографирал просторијата, информира портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Лицето е лишено од слобода, известен е јавен обвинител за добивање понатамошни насоки.

Ангеловски истакна дека гласањето на другите избирачки места се одвива мирно, со почитување на протоколите за гласање, а од неправилности што се пријавени во МВР, има неколку случаи на агитирање, носење гласачи на гласање, испишани графити на избирачки места, како и неколку пријави за наводно нудење пари за глас.

– Ова се добиени пријави по кои постапува МВР и откако ќе се утврдат фактите, соодветно ќе ја информираме јавноста, нагласи портпаролот на МВР.

Претходна вестИма и по некоја редица надвор, но се запазуваат мерките, граѓаните гласаат непречено
Следна вестВардар повторно пожолте кај Ново Лисиче, се бара виновникот