Аеродромци со најголем одѕив на изборните места до 9 часот

Одѕивот на гласачите до 9 часот е најголем во скопската општина Аеродром каде изнесува 10,13 проценти од запишаните изборачи, соопшти на утринската прес-конференција портпаролот на ДИК. Најнизок, пак, е регистриран во општина Студеничани – 1,81 проценти.

-Просечен одѕив во земјава е 5,19 отсто што значи дека гласале 94.167 од запишаните избирачи, информира ДИК.

Во ИЕ 1 одѕивот на гласачите е 6,58 отсто. Во ИЕ 2 одѕивот е 4,58 отсто, при што највисок е во Ѓорче Петров – 8,05 отсто, а најмал во општина Липково – 0, 93 отсто.Во ИЕ 3 одѕивот до 9:00 часот е 6,1 отсто. Во оваа изборна единица најмногу гласачи до 9:00 часот излегле во Крива Паланка – 8,31 отсто и Пробиштип со 10,25.Во ИЕ – 5 одѕивот е 5,22. Највисок е одѕивот во Кривогаштани 13,1, додека во Центар Жупа е најмал – 1,01 отсто.Во ИЕ – 6 одѕивот на гласачите е 2,59. Во Јегуновце бил највисок 4,17 додека најмал во Врапиште 1,39 отсто. Не се соопштени податоците за ИЕ – 4.

Претходна вест1.578 кандидати за пратеници, најмногу се на возраст од 30 до 49 години
Следна вестМалолетен мигрант пронајден во багажник на автомобил чиј возач побегнал