Отворени гласачките места, граѓаните се изјаснуваат на парламентарните избори

Од утрово во седум часот македонските граѓани со право на глас го почнаа изјаснувањето на парламентарните избори. Изборите се спроведуваат според пропорционалниот модел на 3.480 избирачки места во шест изборни единици. Право на глас го имаат 1.814.263 граѓани. Во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Во посебните избирачки изводи се запишани 83.054 лица кои се иселиле или работат во странство. 

Гласањето овој пат ќе трае малку подоцна од вообичаеното, односно до 21 часот. Според првичните информации од повеќе градови во Македонија, гласањето се одвива во најдобар ред.

Изјаснувањето се спроведува согласно на протоколите за заштита од корона вирусот. Тие бараат гласачите при влез на гласачкото место да стават заштитна маска и да застанат во ред за гласање при што треба да се почитува дистанца. При влегување во просторијата, гласачот прво ги дезинфицира рацете, ѝ ја подава личната карта на изборната комисија. Накратко, ја симнува маската за идентификација, гласа и на излегување повторно ги дезинфицира рацете. Во просторијата за гласање не може истовремено да има повеќе гласачи од вкупниот број паравани за гласање.

Во текот на вчерашниот ден гласаа болните и немоќни (8.855 регистрирани гласачи), лицата во старските домови (357) и затворениците (1.657 запишани гласачи) и шест раселени лицаСпоред нецелосните податоци од ДИК од вкупно 10.869 лица кои можеше да го остварат правото на глас, гласале 9.330 што е околу 86 проценти од вкупниот број на пријавени гласачи. Завчера гласаа 723 заболени од Ковид-19 или лица во домашна изолација.

Претходна вестИ депонијата во Волково во пламен, ја полнат и општински камиони?
Следна вестСончево со можност за попладневен краткотраен дожд