Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги одложи сите состаноци закажани за денеска бидејќи лекар му препорачал повеќе да одмора и да ги намали дневните обврски, пренесуваат српските медиуми.
Советничката за медиуми во кабинетот на Вучиќ, Сузана Васиљевиќ, вели дека здравјето на претседателот не било добро, но тој ќе се врати на состаноците по пристигнувањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утревечер.
И премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, во изјава за ТВ Хепи вели дека Вучиќ бил преморен, а по падот на неговиот имунитет се заразил со грип.