Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Тирана, каде што денеска учествува на самитот на лидерите ЕУ-Западен Балкан. Вучиќ по пристигнувањето на Самитот изјави дека на овој состанок присуствува не само поради неговото пријателство со Албанија, туку и да ги брани српските интереси.
– Секогаш е подобро да се бидете на маса, кога има разговори, бидејќи кога не сте на маса, тогаш обично сте на менито, а тоа сите едвај го чекаат, им одговори Вучиќ на новинарите, повторно објаснувајќи ја својата одлука да дојде во Тирана.
Српскиот претседател соопшти дека ќе се сретне и ќе разговара со сите од ЕУ и од регионот и дека очекува билатерални средби со италијанскиот премиер и премиерите на Белгија и Холандија.