Потпишан договор, од јануари поевтин роаминг со земјите од ЕУ

Од идната 2023 година земјите од Западен Балкан ќе плаќаат поевтин роаминг со земјите членки на Европската унија.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на Самитот Западен Балкан во Тирана заедно со лидерите од Западен Балкан потпишаа договор за пониски роаминг цени.

– Денешното потпишување на договорот е уште една силна потврда за нашата европска иднина и интензивната соработка на земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ. Со овој договор од денес ќе сме поповрзани со земјите од ЕУ и ќе можеме полесно и побрзо да одиме по европскиот пат. Со овој договор се овозможува поголема поврзаност и практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот, изјави Ковачевски.

Со овој договор од идната 2023 година, Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската Унија. Истиот договор по извесен период предвидува целосно укинување на роаминг тарифите за земјите од Западен Балкан со европските земји.

Претходна вестВучиќ сепак отиде во Тирана: Подобро да си на маса, отколку…
Следна вестСтудентите со концерт ќе го обележат Денот на Факултетот за музичка уметност