Вучиќ: За Србија не доаѓа во обѕир признавање на Косово и негово членство во ОН

Вучиќ преку својот Инстаграм профил повтори дека Србија нема да го признае Косово. Србија ќе работи на имплементација на договорот но нема да ги прејде своите црвени лини, а тоа е признавање на Косово и негово членство во ОН, тврди тој.

– За да нема искривени и лажни толкувања, а јас воопшто не се плашам да го кажам истото на сите во лице, за Србија не станува збор за признавање на Косово и за членство на Косово во Обединетите нации, организации, институции и агенциите на ОН, рече Вучиќ преку својот профил на Инстаграм.

Ваквата изјава на Александар Вучиќ доаѓа три дена по состанокот во Вилата Билјана во Охрид, каде се водеа преговори за нормализирање на односите помеѓу на Србија и Косово.

 

Претходна вестЗаштитата на националните интереси барала веќе да нема вонредни ученици во средните медицински училишта
Следна вестЕУ маратонот трае веќе 19 години, Маричиќ повикува мудро да продолжиме со трчање