Во последните 24 часа, на територијата на Општина Куманово биле регистрирани девет пожари во кои интервенирале кумановските пожарникари. Станува збор за пожари на отворено и шумски пожари кај локациите Тромеѓа, Четирце, Пуковско, Пезово, Бељаковце…
Кумановските пожарникари, како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски на прес-конференција, интервенирале дополнително и на три други локации односно, кај Малотино во соседната општина Старо Нагоричане, како и кај селата Вакцинци и Матејче.
Кои биле причините за пожарот ќе утврдат надлежните органи, но првичните информации од граѓаните се дека можеби причина е електричната инсталација. Тој апелираше и на населението кај Бељаковце да биде во приправност бидејќи некои места може да се реактивираат.