За 3.200 вработени во УКИМ се изнајде решение за зголемување на нивните плати, вели министерот Велковски

Неодамна, Ректорската управа при Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј” излезе со соопштение во врска со колективниот договор на УКИМ, но и барање за средба со техничкиот премиер, Талат Џафери. Денес, министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски остварил средба со ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова и нејзиниот тим, заедно со претставници на синдикатот, при што се изнајде решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати, извести МТСП.

-Ги повикувам ресорните министерства, Министерството за образование и наука и Министерството за финансии да изнајдат брзо решение за признавање на колективниот договор и зголемување на платите на вработените во Универзитетот, рече Велковски.

Во врска со надлежноста на МТСП, Министерството известува јавноста дека се работи за поединечен колективен договор, за кој што потписниците, согласно член 231 став 3 од Законот за работни односи имаат обврска да го известат министерството за неговото потпишување, што во конкретниот случај е и направено. Бидејќи потписниците на колективниот договор склучен помеѓу Собранието на РСМ и УКИМ постапиле согласно предвиденото во Законот, по однос на ваквиот вид на договор, МТСП смета дека нема правна пречка во однос примената и понатамошно постапување по истиот.

Претходна вестАмерикански сенатор го обвини Израел за воени злосторства
Следна вестСпречен шверц на над четири тони месо од дивеч, ризичен по здравјето на граѓаните