За два дена „потрошени“ субвенциите за електрични тротинети

Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување електрични тротинети и исполнување на предвидените средства, Градот Скопје известува дека овој јавен повик е затворен.

Јавниот повик на Град Скопје за доделување субвенции за купување електричен тротинет беше објавен пред два дена и граѓаните можеа да се пријавуваат електронски и да доставуваат фискални сметки за купен електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повикот се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Во буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за електрични тротинети се предвидени 1,5 милиони денари.

Претходна вестГрад Скопје зеде кредит од 70 милиони евра за изградба на брз автобуски превоз
Следна вестНовомаалци со петиција до Владата: Да се гради или ќе одиме на протест