Од ноќеска на полноќ за два денари поскапува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 , додека цените на останатите горива не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Со тоа максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 76,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 43,797 (денари/килограм).