За два ипол месеци: Од ковид починале 282 лица кои биле вакцинирани

Во период од 6 август до 28 октомври на територија на државата се регистрирани 45 621 граѓанини позитивни на коронавирус.

Од нив 27% биле целосно вакцинирани, или 12 375 лица. Останатите 33 246 заразени односно 73% не биле вакцинирани.

Речиси ист е и односот кога станува збор за хоспитализација од ковид. Од лицата кои биле на примени на болничко лекување во овие два и пол месеци, 75% се невакцинирани додека 25% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Во период од 6.08 до 28.10.2021 на територија на државата починале 1 592 пациенти со ковид 19. Од нив 1 310, односно 82% не биле вакцинирани, додека 18%, односно 282 се вакцинирани.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Претходна вестШилегов требаше да почека – да победи на изборите па да распише тендер за БРТ
Следна вестМакедонските граѓани да си направат нови ЕУ-сертификати за ковид, откриени се лажни