За една недела од ковид починале 124 лица, 27 биле вакцинирани

Во период од 15.10-21.10.2021, починале 124 пациенти со ковид 19, од кои над 78% биле невакцинирани.

Од нив 27 примиле вакцина и ревакцина.

Еден пациент е вакциниран со „Фајзер“, двајца со „Астра Зенека“, шест починати пациенти со ковид 19, примиле вакцина „Синовак“, а 16 пациенти примиле вакцина од производителот „Синофарм“, двајца пациенти биле вакцинирани со вакцината „Спутник В“.

Од Министерството за здравство велат дека починатите имале хонични заболувања, а од листата се гледа дека тоа се главно кардиоваскуларни, дијабете и прекумерна тежина.

 

 

Министерството за здравство во продолжение ве информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале пациенти, кои починале со ковид, a биле вакцинирани.

Претходна вестПовторено гласање ќе има на гласачки места во Дебар и Шуто Оризари
Следна вестЗапрена изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци