Запрена изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување на локација надвор од населено место.
Ова, како што е објавено на фејсбук профилот на Владата, доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот.
-Граѓаните имаа оправдани дилеми поради што неколку пати за ова се обраќаат до централните институции, Општина Карпош и до меѓународната заедница. Во директна комуникација со граѓаните на Бардовци, Владата ги уважува нивните аргументи и во транспарентна постапка ќе бара нова локација надвор од населено место со цел реализација на овој важен проект, пишува во објавата на Владата на ФБ.
Жителите на Бардовци со месеци протестира и организираа блокади за да се спречи изградбата на Центарот за странци во непосредна близина на нивните домови. Испраќааписма до сите надлежни институции, амбасади, за на почетокот на овој месец министерот, Оливер Спасовски, како најповикан – да ги прими. Но, долго очекуваниот разговор не донел посакувани исходи. Министерот тогаш им ветил дека прашањето сепак ќе го постави на следна седница на Влада.
Претходна вестЗа една недела од ковид починале 124 лица, 27 биле вакцинирани
Следна вестГолем пожар во бараките во Градски парк