За околу 11 проценити била намалена смртноста од Ковид – 19 во неделен период од 30 ноември до 6 декември во споредбата со седмицата пред неа, покажува редовна неделна анализа на Институтот за јавно здравје. За овој период биле пријавени 184 смртни случаи од 25 градови, што е намалување од 10,7 отсто.
Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, 5 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и еден случај во возрасната група од 30-39 години.
Во анализираниот период имало 6.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата а што е за 4,2 проценти помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 2.610.
-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 (1.639, 25,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (1.244; 19,2 отсто), 40-49 (1.222; 18,9 отсто), 50-59 (1.217; 18,8 проценти) и 20-29 (791; 12,2 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (107; 1,7 проценти) и 10-19 години (243; 3,8 отсто).
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 83.32, оздравеа 44.705, починаа 1.949, а активни случаи се 21.678.