Во периодот од 23 часот синоќа до 5 часот утрово, сообраќајната полиција спровела зајакната контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на целата држава.
Како што информираат од МВР, притоа санкционирани се 157 возачи. Од нив, 52 на територијата на СВР Скопје, 23 на територијата на СВР Битола, 14 на територија на СВР Штип…
Од ресорното министерство нагласуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.