За изборна победа во првиот круг потребни се најмалку 907.159 гласови

Во Македонија денеска започна првиот круг од претседателските избори. Македонските граќани ќе бираат помеѓу седум кандидати – Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитревски.

Право на глас имаат 1.814.317 лица. Во првиот круг победник на изборите може да биде кандидат кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 907.159 гласови.

Доколку во првиот круг никој не го добие потребното мнозинство, во вториот круг одат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови во првиот круг.

Вториот круг на гласање се одржува на 8 мај. За претседател ќе биде избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 725.727 гласачи, што е предвидено во Изборниот законик, а за него гласале 362.864 избирачи.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.

 

 

 

 

Претходна вестМакедонија денеска избира претседател, 7 имиња се на гласачкото ливче
Следна вестТошковски: До сега нема посериозни нарушувања на изборниот процес