Home АКТУЕЛНО За недела дена исчезнале 17 непалци кои работеле во Скопје и во Тетово

За недела дена исчезнале 17 непалци кои работеле во Скопје и во Тетово

0
За недела дена исчезнале 17 непалци кои работеле во Скопје и во Тетово

Полицијата трага по седум лица од Непал кои се пријавени за исчезнати во Скопје во два одвоени случаи. Според информациите, тие работеле во две скопски фирми, а им се губи трага речиси истовремено, во текот на вчерашниот ден.

Во првиот случај, скопјанецот Љ.Џ. (36) вчера околу 15:45 часот пријавил дека две лица од Непал, кои биле вработените во фирма каде тој е овластено лице, се оддалечиле од хотелот каде престојувале.

Сопственикот на правен субјект од Скопје, М.Н.(41) од Скопје, исто така, вчера пријавил во 14 часот дека пет лица од Непал, кои биле вработени кај него, се оддалечиле од подрачјето на општина Аеродром во Скопје.

Во два случаи полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Пред недела дена во еден ден полицијата добила две пријави за странски работници, кои ги напуштиле работните места во фирмите во кои биле ангажирани.

Како што тогаш соопшти МВР, на 12.06.2024 во 11.15 часот во СВР Скопје, М.Н.(41) од Скопје пријавил дека од работното место на подрачјето на општина Аеродром се оддалечиле шест лица од Непал, со привремен престој во Скопје, а кои биле вработени во неговата фирма.

Во вториот случај во СВР Скопје, Л.Џ.(36) од Скопје пријавил дека од работното место во Тетово се оддалечиле четири лица од Непал, со привремен престој во Скопје, кои биле вработени во компанија од Тетово, подружница Скопје, каде што тој е управител.